Take a Bow
Take a Bow е петтиот реализиран сингл од албумот „Good Girl Gone Bad“, но исто така и првиот сингл од ре-реализираната верзија на албумот наречена „Good Girl, Gone Bad:Reloaded“ на барбадоската Р&Б пејачка Ријана. Песната е дело на Р&Б композиторот Не-Јо, а во продукција на Stargate. Реализација на синглотПесната беше промовирана на 14 март 2008[1], а во медија беше пуштена ден подоцна истиот ден.[2] Официјално беше реализирана во U.S. top 40 радиото на 15 април 2008 и во iTunes на 6 мај 2008 каде што песната се покажа како многу популарна во САД, но исто така и интернационално. Синглот го достигна првото место во американскиот, канадскиот, британскиот, ново зеландскиот, данскиот и ирскиот iTunes, а стигна и на ТОП 10 во уште 18 земји низ целиот свет.[3]. Во Велика Британија синглот беше реализиран на 12 мај. Во Европа беше реализиран месец подоцна на 6 јуни. Во Франција песната беше реализирана скоро 2 месеца, после нејзиното реализирање во Европа и тоа на 21 јули 2008. Објаснување на текстотВо песната се работи за несреќната љубов која таа (Ријана) ја има со својот партнер. Таа го „фаќа на дело“ со друга девојка и тој низ песната и се извинува на неа , но таа нема прошка за него. ВидеоМузичкото видео за песната е снимено во Венеција, Италија во режија на Ентони Медлер кој има режирано неколку од нејзините претходни видеа. Видеото беше номинирано за „Најдобро женско видео“ и „Најдобра режија“ на МТВ Музичките награди 2008. Список на песни
Страна A & B
Take a Bow: Ремикси
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia