Rated R е четвртиот студиски албум на барбадоската Р&Б и поп пејачка Ријана, издаден на 20 ноември2009. Првата песна од албумот е „Russian Roulette“, напишана е од страна на Не-Јо и самата Ријана. Песната била издадена на 20 октомври 2009.[1][2][3] Албумот бил продаден во 181.442 примероци во првата седмица по неговото издавање во САД, што претставува најпродавана седмица на некој албум на Ријана. Ова е првиот албум на Ријана со предупредувачки наслов, а за кој е потребен родителски надзор. Сепак, во Велика Британија била издадена верзија без предупредуање за родителски надзор. Од своето издавање, албумот добил златно признание во Велика Британија, Австралија и Полска.
Заднина
Претходниот албум на Ријана Good Girl Gone Bad (2007) беше најголемиот комерцијален успех за самата пејачка и го достигна врвот во повеќе земји во свет.[4] Албумот се состои од пет топ 10 американски хитови вклучувајќи го и меѓународниот успешен сингл „Umbrella“.
Во февруари 2009 Ријана беше на списокот на изведувачи на 51. Греми награди, но нејзиниот настап беше одложен.[5][6] Таа беше натепана од страна на нејзиниот поранешен приватен партнер, Р&Б изведувачот Крис Браун кој беше притворен поради тоа и осуден.[7] Фотографија од Ријана по овој немил настан излезе во сите списанија и на сите мрежни места преку TMZ.com. Подоцна во 2009 година, таа се врати на музичата сцена со песната „Run This Town“, која таа ја изведува со хип-хоп изведувачите Џеј-Зи и Кање Вест. Песната стана доста успешна на северноамериканскиот континент и во Европа. По оваа песна, таа продолжи со снимањето на нови песни, односно со создавањето на нејзиниот нов албум Rated R.
Концепт и снимање
На почетокот од 2009, Ријана се посвети на снимањето на нови песни за нејзиниот нов албум. Таа соработуваше со неколку автори и продуценти, како Чејс&Статус, Чак Хармони,[2]Џастин Тимберлејк[8] и Не-Јо[1]. Во раната фаза на создавање на албумот, Ријана соработуваше со норвешкиот продуцентски и авторски тим Stargate. Во март 2009, таа ја започна и нејзината соработа со Адонис Шросфир,[9][10] кој дал прогноза дека албумот ќе биде вистински успех.
Ријана сними дел од песните во летниот период, заедно со Чак Хармони и Не-Јо.[2] Таа исто така зазеде улога и во пишувањето на песните заедно со Не-Јо. Тие работеле заедно на неколку песни, иако Не-Јо не знаел точно кои песни ќе бидат вклучени во албумот.[11] Додека работеле заедно, тој почувствувал дека Ријана не е истата девојка со која што работел пред неколку години и сметал дека таа треба да биде малку поопуштена.[11] За разлика од другите албуми во овој албум Ријана сакала „темни“ песни, кои имаат некое значење.[12] Хермони изјавил дека тој „сака нејзе да ѝ посвети филм“, а не „песна од три минути“. Не-Јо и Хермони сметале дека пробната песна треба да биде нешто потемно, поостро и поморбидно.[2] Откако Ријана ја слушнала песната воочила дека и мелодично и лирично ѝ се допаѓа. Таа му се јавила на Не-Јо по телефон за да му каже дека оваа песна е најдобра од сите останати од албумот.[2]
Ријана продолжи со подготвувањето на албумот во соработка со продуцентското дуо Чејс&Статус. Имено, откако ја слушнала песната „Saxon“, која била компонирана од нивна страна, Ријана стапила во контакт со Чејс&Статус и им дала до знаење дека сака да работи со нив затоа што го сака чувството на тапаните и сака нешто слично за нејзиниот албум.[13] Тие имале неколку сесии со Ријана и работеле неколку седмици заедно.[13] Во октомрви 2009, Ријана ја започна соработката со Трики Стјуарт и The-Dream. Во интервју за MTV, таа исто така споменала и дека работи со нов композитор, познат под псевдонимот RJ.[14] Иако Стјуарт изјавил дека е многу задоволен од единствената песна која ја сработиле со The-Dream за албумот на Ријана,[15] The-Dream подоцна изјавил за MTV дека тој всушност направил две песни за албумот: „Hard“ и „Rockstar 101“[16]. Слеш свирел на гитара во песната „Rockstar 101“, а Истер Дин помогнал во пишувањето на песната „Rude Boy“.[17]
Омот
На 8 октомври 2009, Ријана се сликаше во Берлин, разголена, облечена во костум и во бела бунда.[18][19] За сликите се мислеше дека ќе бидат на предниот дел од омотот на албумот или во брошурата.[19] Сликата за албумот беше сликана и преработена од страна на модниот фотограф Елен фон Унверт кој во истата прилика изјави:
„Ријана сака да создаде нешто малку поинакво кога станува збор за изгледот на албумот“.[20]
Фон Унверт кој исто така има работено на омотите за албумите The Velvet Rope на Џенет Џексон (1997), Back to Basics на Кристина Агилера (2006) и Blackout (2007) на Бритни Спирс (2007)[21], продолжил со својата изјава и рекол дека Ријана била заинтересирана за секој дел од омотот и била подготвена „да ги премине границите“[20]. Омотот на албумот беше издаден на 27 октомври 2009 и на него е Ријана во црно-бела верзија. Црно-белата верзија и стилот на Ријана е споредуван со стилот на Грејс Џонс во 1980-тите.[21]
Истата седмица, на страната се појави и часовник кој го пребројуваше издавањето на албумот. Првата песна од албумот беше издадена на 20 октомври 2009.[26][27] На 29 ноември 2009, Ријана учествуваше како специјален гостин во британската емисијата The X Factor за да го промовира албумот.
Песни
„Russian Roulette“ - издавањето на првата песна беше како официјален сингл беше на 20 котмбри 2009 на светско ниво, 3 ноември 2009 во САД и на 23 ноември 2009 во Велика Британија. „Russian Roulette“ за првпат се појави на Billboard Hot 100 на 101. место, а подоцна стигна на 9. место, со што стана дванаесеттата песна на Ријана, која била меѓу првите 10 во нејзината кариера.[28] Песната, исто така, зазеде место меѓу првите 10 и на 8 руги списоци, меѓу кои забележиетелно е првото место на норвешкиот список на песни.
„Hard“ - втората официјална песна од албумот беше издадена на 10 ноември 2009 во САД на радио станицата Urban and Rhythmic. Песната, во која свој дел има и Young Jeezy, беше испратена до Hot 97 од страна на Def Jam на 2 ноември 2009. Илустрацијата беше издадена на 10 ноември 2009.[29] Песната го зазеде 12. место на Billboard Hot R&B/Hip-Hop, додека песната сè уште не беше официјално издадена.
„Wait Your Turn“ - оваа песна беше претставена на радио станиците во Европа на 7 ноември 2009, како промо сингл. Видеото за песната беше промовирано на 3 ноември 2009, на официјалното мрежно место на Ријана.
„Rude Boy“ ќе биде издадена како официјална втора песна од албумот во Велика Британија.
Турнеја
На 3 декември 2009, за MTV News, Ријана потврди дека влезниците за нејзината претстојна турнеја во 2010, ќе бидат пуштени во продажба до крајот на 2009. Помпово претставувањето на видео записот за песната „Hard“, за MTV, таа изјави:
„Ќе одиме на турнеја на пролет и влезниците ќе бидат во препродажва во рок од неколку седмици. Тоа ќе биде светска турнеја, што значи дека ќе биде многу долго. Дефинитивно ќе бидеме во Вашиот град, па затоа очекувајте нè.“[30]
Успех
Комерцијален успех
Во САД, Rated R се појави, заземајќи го четвртото место на Billboard 200, со продажба од 181.000 примероци во првата седмица по издавањето, надминувајќи го успехот од продажбата во првата седмица на претходниот албум на Ријана, Good Girl Gone Bad, кој се продаде во 168.000 примероци[31]. Како резултат на ова, албумот стана четвртиот најпродаван албум во земјата и еден од ретките, кој уште со своето појавување зазел висока позиција. На 29 ноември 2009, албумот се појави, заземајќи го шеснаесеттото место на UK Singles Chart, со што му беше доделено златно признание за само пет дена[32]. Албумот го задеде чевртото место и на престижниот список, објавен од UK R&B. И покрај тоа што го зазеде петнаесеттото место во Австралија, албумот доби златно признание, уште во втората седмица по издавањето.
Критички успех
Откако беше издаден, албумот Rated R доби позитивни критики од повеќе музички критичари, кои беа оценети со вкупен резултат 78/100 од страна на Metacritic.[33]. Новинарот на Entertainment Weekly Лих Гринблет му даде на албумот оценка Б и го нарече „суров, често неодреден портрет на уметникот кој всушност не е повеќе девојка воопшто“[34]. Новинарот на Chicago Tribune Грег Кот го оцени албумот со 3½ од 4 ѕвезди и го нарече „силна и напредувачка уметност“[35]. Џим Де Рогатис од Chicago Sun-Times, исто така се изјасни во корист на Ријана. Всушност тој позитивно ја критикуваше зрелоста која Ријана ја покажала со овој албум и го нарекол нејзиниот „најдобар, најслоевит и најголем напор“, давајќи му 3 од 4 ѕвезди[36]. Алиб Мелон од NME му даде рејтинг 8/10 и го опиша како „почетнички цврст материјал во звук и однесување“[37]. Новинарот од The Times Ед Потон сподели слично чувство и даде 4 од 5 ѕвезди, споделувајќи со јавноста дека според него ова е најдобриот снимен материјал кој Ријана досега го издала[38]. И покрај тоа што за албумот нашиша дека е „албум со биографска поврзаност“, Tiny Mix Tapes на албумот му даде 3½ од 5 ѕвезди и го нарече „подобар од просечен поп албум“[39]. Новинарот од Los Angeles Times Ен Пауерс ја пофали изведбата на Ријана и му даде на албумот 4 од 4 ѕвезди нарекувајќи го „комлексен и фасцинантен портрет на емоциноналниот процес на млада жена после издржано злоупотребување“[40]. The Boston Globe на Сара Родман даде во суштина задоволувачка критика на албумот и го нарече „интересен сплет на неколку настани, вклучувајќи ја и еволуцијата на Ријана како изведувач и слевањето на таблоид културата и поп уметноста.[41]
И покрај тоа што Ријана за овој албум доби пофалба за нејзиниот вокал, Алексис Петридис од The Guardianна албумот му даде 3 од 5 ѕвезди и го разгледа како текстуална алузија за нападот кој Крис Браун го изврши кон неа како слабост.