Абел Маконен Тесфаје (амхарски: አቤል መኮንን ተስፋዬ, англ. Abel Makkonen Tesfaye; роден на 16 февруари 1990), професионално познат како the Weeknd ― канадски пејач и текстописец.[2][3] Познат е по неговата нетрадиционална музичка продукција, уметнички инвенции и употреба на фалсет.
Абел Маконен Тесфаје е роден на 16 февруари 1990 година во Торонто.[4][5] Тој е единец на етиописките доселеници Маконен Тесфаје и Самравит Хаилу, кои се разделиле кратко по неговото раѓање.[2][6] Претежно го одгледела неговата баба бидејќи неговата самохрана мајка често работела за да ги издржува.[5][7] Од баба му го научил амхарскиот јазик (што е и негов мајчин јазик),[8] а исто така течно зборува француски.[9] Студирал на колеџот Вест Хил и на колеџот Бирчмаунт Парк. Во 2007 година го напуштил училиштето и се преселил во Паркдејл, Торонто.[10]
Водејќи хедонистички начин на живот со неговите другари,[5][11] Тесфаје го усвоил уметничкото име поради времето што го оставил за да биде на викенд.[12] Тој отстранил една буква „е“ за да нема проблеми со заштитниот знак на канадскиата поп-рок група the Weekend.[13] Во ова време живеел како бездомник и во неколку наврати бил затворан, што го натерало да се „вразуми“.[14] Во тоа време, Тесфаје исто така често користел дрога, како: кетамин, кокаин, МДМА, магични печурки и сируп за кашлица,[15] наведувајќи дека дрогата била негова „патерица“ додека пишувал музика.[16]
2009–2011: Почетоци на кариерата
Во август 2009 година, Тесфаје започнал анонимно да објавува музика на YouTube.[17][18] Следната година се запознал со продуцентот Џереми Роуз и почнале да соработуваат на R&B проект. Откако направиле неколку песни, тие се разделиле поради креативни разлики, а на Тесфаје му било дозволено да ги користи песните кои ги направиле заедно под услов Роуз да добие продукциски кредити.[19] Во декември 2010 година, Тесфаје на YouTube под корисничко име „xoxxxoooxo“ ги поставил „What You Need“, „Loft Music“ и „The Morning“.[20][21] Овие песни станале популарни на интернет, а подоцна раперот Дрејк ги ставил во негова блог-статија.[19][22] Песните биле покриени од различни медиуми, меѓу кои биле: Pitchfork и The New York Times.[23]
Во 2011 година, Тесфаје се запознал со музичките директори Васим Слејби и Амир Есмаилијан, со кои ја основал издавачката куќа XO.[24] Пред да го објави неговото прво ЕР, во 2011 година добил признание од критиката преку објавување на три микстејпи: House of Balloons, Thursday и Echoes of Silence. House of Balloons влегол меѓу десетте кандидати за музичката награда Polaris во 2011 година.[25]
2012–2014: Први албуми
Тесфаје настапува на фестивалот во Коачела во 2012 година
Во 2012 година, Тесфаје настапил на неколку фестивали и почнал почесто да одржува концерти. Настапил на Фестивалот во Коачела [26] и имал два распродадени концерти во Њујорк.[26][27] Настапил и на неколку европски фестивали: Примавера Саунд во Шпанија и Португалија[28] и Wireless Festival во Обединетото Кралство. Во септември 2012 година, Тесфаје потпишал со Republic Records; XO се почнала да се смета за подружница. Истиот месец, тој ја започнал неговата прва концертна турнеја, Fall Tour, при што одржал свои концерти и во неколку наврати бил воведен изведувач за англиската група Florence and the Machine.[29]
На 13 ноември 2012 година, Тесфаје го издал Trilogy, компилациски албум кој се состоел од ремиксирани и ремастерирани верзии од неговите микстејпи од 2011 година и три нови песни.[30] Албумот дебитирал на четврто место на американскиот Билборд 200,[31] и бил сертифициран со платина од Здружението на музичките сниматели на Америка (RIAA) и двојно платинест од Music Canada.[32][33] Албумот бил номиниран за наградата „Звукот од 2013“ од Би-би-си.[34]
Тесфаје настапува во Маси Хол во октомври 2013 година
На 17 мај 2013 година, Тесфаје ја издал насловната песна од неговиот прв студиски албум, Kiss Land.[4] Албумот бил издаден на 10 септември 2013 година.[35] Дебитирал на второ место на Билборд 200 и добил претежно позитивни критики од музичките критичари.[36] За промоција на албумот заминал на турнеја во Северна Америка и Англија која траела од септември до ноември 2013 година.[37] Од 6 до 13 ноември, тој бил воведен изведувач за Џастин Тимберлејк за време на неговата светска турнеја 20/20 Experience.[38] Тој, исто така, придонел со две песни во саундтракот за филмот Игри на гладните (The Hunger Games: Catching Fire).
Во февруари 2014 година, Тесфаје објавил ремикс на „Dunk in Love“ од истоимениот студиски албум од Бијонсе.[39] На 25 август, Тесфаје соработувал со Аријана Гранде на песната „Love Me Harder“ од вториот студиски албум на Гранде My Everything.[40] На 23 декември 2014 година, Тесфаје ја објавил песната „Earned It“ од саундтракот за Педесет нијанси на сиво (Fifty Shades of Grey (2015)). За синглот, кој се искачил на трето место на Billboard Hot 100, Тесфаје бил номиниран за Оскар за најдобра оригинална песна.[41] Песната ја освоила наградата „Најдобра ар-ен-би изведба“ и била номинирана за „Најдобра ар-ен-би песна“ и „Најдобра песна напишана за визуелни медиуми“ на 58-то доделување на Греми-наградите.[42]
2015–2017: Beauty Behind the Madness и Starboy
Тесфаје настапува на Bumbershoot 2015
Beauty Behind the Madness, вториот студиски албум на Тесфаје, бил издаден на 28 август 2015 година и дебитирал на врвот на Билборд 200.[43][44] Во него гостувале Лабринт, Ед Ширан и Лана Дел Реј. Стигнал до прво место во: Канада, Австралија, Норвешка и Обединетото Кралство.[45][46] Од албумот биле објавени пет синглови, меѓу кои биле и песните кои се искачиле на прво место на Billboard Hot 100: „The Hills“ и „Can't Feel My Face“. Албумот ја содржел и песната „Earned It“ која била номинирана за Оскар и која била главен сингл од саундтракот за филмот „Педесет нијанси сиво“. На 58-мото доделување на Греми наградите во 2016 година, Beauty Behind the Madness ја освоил наградата за „Најдобар урбан современ албум“ и бил номиниран за „Албум на годината“.[13]
Во овој период Тесфаје соработувал со: Кање Вест на песната „FML“ (февруари 2016),[47][48] раперот Future на песната „Low Life“ (март 2016),[49]Бијонсе на песната „6 Inchs“ (април 2016)[50] и диџејот Кешмир Кет на песната „Wild Love“ (2017).[51]
Тесфаје на настап на фестивалот Lollapalooza Chile за време на турнејата <i id="mwAg0">Starboy: Legend of the Fall</i> во 2017 година
Третиот студиски албум од The Weeknd бил објавен на 25 ноември 2016 година. На албумот има гостувања од Дафт Панк, Лана Дел Реј, Кендрик Ламар и раперот Фјучр. Како извршни продуценти на албумот, Weeknd и Doc McKinney ангажирале различни продуценти како: Дипло, Кешмир Кет, Метро Бумин, Френк Дјукс и Лабринт, меѓу другите. Starboy бил поддржан од осум синглови, вклучувајќи ги сингловите на прво место на американската Billboard Hot 100: „Starboy“[13] и „ Die for You“ (кој се искачил на врвот на топ-листата по ремиксот со Аријана Гранде) и топ-пет синглот „I Feel It Coming“.
На 23 ноември го објавил краткиот филм МАНИЈА, режиран од Грант Сингер и содржел извадоци од албумот, вклучително и фрагменти од „All I Know“ со Фјучер, „Sidewalks“ со Кендрик Ламар, „Secrets“ и „Die for You“.[52] Во јануари 2019 година, албумот бил сертифициран за тројно платинест од RIAA.[53] Албумот ја добил наградата „Најдобар современ урбан албум“ на 60-тото доделување на Греми наградите.[54]
Во 2017 година, The Weeknd соработувал со: раперот Нав за неговиот прв сингл „Some Way“,[55] раперот Future на песната „Comin Out Strong“,[56]Лана Дел Реј на песната Lust for Life,[57][58] Френч Монтана на песната „A Lie“, Лил Узи Верт на песната „UnFazed“ и со Гучи Мане на песната „Curve“.
2018–2020: My Dear Melancholy и After Hours
Тесфаје на настап во Хонг Конг во ноември 2018 година
На 2 февруари 2018 година, Тесфаје придонел за саундтракот за филмот Црн Пантер со песната „Pray for Me“ која ја извел заедно со Кендрик Ламар. Нумерата се искачила на седмо место на Billboard Hot 100.[59][60]
На 30 март 2018 година, Тесфаје го објавил неговиот прв мини-албумMy Dear Melancholy.[61][62] Тој дебитирал на прво место на Билборд 200 со што станал трет последователен албум од Тесфаје на прво место на топ-листата и најкраток албум, според бројот на песни, на врвот на топ-листата во последните осум години.[63]
На 6 јуни 2018 година, Тесфаје ја најавил неговата нова радио-емисија Memento Mori. Првата епизода била емитувана два дена подоцна.[64] На 21 ноември 2018 го издал неговиот прв албум со најголеми хитови The Weeknd in Japan.[65] На 18 април 2019, во соработка со SZA и со Тревис Скот го издал „Power Is Power“ , водечки сингл од саундтракот инспириран од Игра на тронови.[66]
На 27 ноември 2019 година го издал „Heartless“ како водечки сингл од неговиот четврти студиски албум. Синглот „Blinding Lights“ бил објавен на 29 ноември. Синглот дебитирал на единаесеттото место на Billboard Hot 100. „Blinding Lights“ потоа ќе стане прва песна во историјата на оваа топ-листа која цела година се задржала во топ-10.[67] Таа, исто така, станала песна од соло-изведувач која најдолго се задржала на Hot 100; на топ-листата се задржала 90 недели и конечно испаднала на 11 септември 2021 година.[67][68] На 23 ноември 2021 година списанието Билборд ја прогласило „Blinding Lights“ за „Најдобар Hot 100 хит на сите времиња“ откако ја соборила песната „The Twist“ од Чаби Чекер.[67] На 1 јануари 2023 година, со 3,3 милијарди стримови, „Blinding Lights“ станала најстримувана песна на Spotify.[69]
Неговиот четврти студиски албум After Hours бил објавен на 20 март 2020 година. Пред објавувањето на албумот, Weeknd рекол дека After Hours ќе биде стилски контраст со неговиот претходник, Starboy (2016). Албумот бил поддржан од пет синглови: „Heartless“, „Blinding Lights“, насловната песна, „In Your Eyes“ и „Save Your Tears“.
По објавувањето,[70]After Hours дебитирал на врвот на Билборд 200[71] и станал најстримуван R&B албум на сите времиња.[72][73] Тесфаје станал прв изведувач кој истовремено бил на прво место на: Билборд 200, Билборд Хот 100, Billboard Artist 100, Hot 100 Songwriters и Hot 100 Producers.[74][75] Делукс верзијата на After Hours била објавена на 29 март 2020 година и ги содржела нумерите: „Nothing Compares“, „Missed You“ и „Final Lullaby“.[76]
2021–денес: Издавање на албумот Dawn FM и ТВ-серијата Идол
На 5 февруари 2021 година, Тесфаје го издал неговиот втор албум со најголеми хитови, The Highlights.
На 7 февруари 2021 година, Тесфаје бил главен изведувач на полувремето на Супербол со што станал прв канадски соло изведувач во главна изведба на ова шоу.[77][78][79][80] За изведбата на полувремето бил номиниран за три Еми награди за серија во ударен термин: Извонреден вариетет во живо, извонредно осветлување/насочување на осветлувањето во вариетет и извонредна техничка режија, камера, видео контрола во вариетет.[81]
The Weeknd во август 2021 година
Тесфаје го издал неговиот петти студиски албум Dawn FM на 7 јануари 2022 година.[82] По објавувањето, албумот дебитирал на второ место на Билборд 200.[83][84] Тој, исто така, го соборил рекордот за пејач со најмногу песни на Билборд Глобал 200 истовремено, вкупно дваесет и четири песни на топ-листата.[85][86] Покрај „Take My Breath“, Dawn FM бил поддржан од сингловите „Sacrifice“ и „Out of Time“.[87][88]
На 3 март 2023 година, The Weeknd го објавил неговиот прв албум во живо, под наслов Live at SoFi Stadium. Во мај 2023 година, Weeknd изјавил дека има намера да настапува под неговото родено име или под друг псевдоним. Тој рекол дека неговиот следен албум најверојатно ќе биде негов последен албум под псевдонимот Weeknd.[89]
The Weeknd и Сем Левинсон биле косценаристи на ТВ-серијата Идол, а Weeknd и глумел во серијата заедно со Лили-Роуз Деп. Серијата премиерно била прикажана на Канскиот филмски фестивал во 2023 година каде што добила значителни контроверзини критики за графичкиот приказ на голотијата и сексуалната содржина на екранот. Weeknd добил негативни критики за неговата глума, а критичарот Роберт Даниелс од The Playlist напишал: „Тесфаје е исто така ужасен глумец. Нему му недостасува удобност, харизма и шарм“.[90] На 28 август 2023 година, HBO објавиле дека се откажува од Идол по една сезона.[91]
На 8 јуни 2023 година, Weeknd објавил серија на EP со музика од <i id="mwBC8">Идол</i>. Секое EP било објавено по премиерата на секоја епизода од серијата.[92] Подоцна добил покана да стане член на американската Академија за филмски уметности.[93]
Личен живот
Тесфаје претпочита да го држи својот личен живот подалеку од очите на јавноста.[94][95] На почетокот од кариерата, тој се воздржувал од давање интервјуа и одлучил претежно да комуницира преку Твитер.[96] Тесфаје е православен христијанин.[2][12]
Од април 2015 година до август 2019 година, Тесфаје со прекини бил во врска со американската манекенка Бела Хадид.[97][98] Тој се забавувал со американската пејачка и глумица Селена Гомез од јануари до октомври 2017 година.[99][100] И двете врски добија големо медиумско внимание и беа тема на таблоидни шпекулации.[101][102][103] Од февруари 2022 година, Тесфаје е во врска со диџејката од Саудиска Арабија, Сими Кадра.[104]
Фризурата на Тесфаје, која се смета за една од неговите најпрепознатливи особини, се тврди дека делумно била инспирирана од американскиот уметник Жан-Мишел Баскија.[2][105] Тој ја скратил косата во 2016 година, пред објавувањето на Starboy .
Од август 2021 година, Тесфаје живее во Бел Ер, Лос Анџелес.[106][107] Во 2017 година, за 18,5 милиони долари купил куќа во Хајден Хилс, Калифорнија, која ѝ ја продал на Мадона во 2021 година за 19,3 милиони долари.[108] Тесфаје претходно живеел во надградбени станови во Вествуд, Лос Анџелес [109][110] и во Њујорк.[111][112]
Во април 2023 година, Тесфаје открил дека има АДХД.[113]
Во октомври 2014 година, Тесфаје ја добил наградата „Алан Слајт“ доделена од страна на канадскиот Булевар на славните за „позитивно влијание во областа на музиката, филмот, литературата, визуелните или изведувачките уметности, спортот, иновациите или филантропијата“.[116]
Дискографија
Kiss Land (2013)
Beauty Behind the Madness (2015)
Starboy (2016)
After Hours (2020)
Dawn FM (2022)
Hurry Up Tomorrow (2025)
Филмографија
Патешествието на Мајкл Џексон од Мотаун до Off the Wall (2016)