Foreclosure of a Dream
Foreclosure of a Dream е песна на Мегадет од нивниот петти студиски албум Countdown to Extinction. Беше објавена како сингл и притоа се искачи на 30-тото место на Билборд листата која ги рангира најпопуларните рок нумери во САД.[1] На видео записот се појавуваат сите членови на бендот, а приказната во него содржи и лични и политички мотиви. Структурата на песната е мелодична и наликува на балада. Насловот во превод би значел „запленување на соништата“, што воедно е и пораката на песната, дека сите мали луѓе имаат големи, но неостварливи соништа. Оваа песна, според басистот Дејвид Елефсон, сведочи за една неправда нанесена врз неговото семејство кое живеело на фармата во Минесота. За време на владеењето на Роналд Реган, дел од нивниот имот бил конфискуван, а земјоделската дејност им замрела. Мастејн го потврдил политичкиот контекст на песната, велејќи дека владата ги држи во свои раце судбините на фармерите-производители, кои биле јадрото на американското општество.[2] Список на песни
Музички персонал
Наводи
Надворешни врскиПоврзаноInformation related to Foreclosure of a Dream |
Portal di Ensiklopedia Dunia