Таа се разликува од соло песна по тоа што е поголема по обем, што ја избегнува строфичната форма и што повеќе се стреми кон музичките квалитети, занемарувајќи го самиот текст. Во операта, аријата е главно израз на лирски диспозиции, наспроти рецитативот, во кој се сумира дејството на драмата.
Како по правило, ариите ги пресоздаваат чувствата на ликовите и се одликуваат со прекрасни и експресивни мелодии. Многу често ариите изобилуваат со виртуозни пасуси, што им овозможува на изведувачите да ја покажат својата пејачка мајсторија. Во оперите во 17 и почетокот на 18 век доминирале арии од типот „да капо“, во кои третиот дел е буквално повторување на првиот и не е запишан во партитурата[2],[3],[4],[5].